Македонскиот хармоникаш и композитор Мишел Трајковски го претстави своето најново музичко дело под наслов „Rege from Gege“ Музика исполнета со емоција, ритам и автентичен музички израз.
Автор на музиката е самиот Трајковски додека пак аранжманот е заедничка креација на Маестро Дамир Имери и Мишел.
Во овој проект учествува елитна екипа на музичари:
Пијано: Дамир Имери
Бас гитара: Иван Кукиќ
Гитара: Дејвид Демир
Тапани: Ристе Плуковски
Ударни инструменти: Пате Конга
Главен актер во видео записот е талентираниот и млад македонски актер Стефан Николовски.
Видеото е во режија на Марјан Гавриловски
Камера, фотографија и монтажа – Николај Грнчаров
Снимено е во музичкото студиото XL – Момироски
Со Маестралната изведба, богатата инструментална и визуелна продукција „Rege from Gege“ претставува новo поглавје во творештвото на Мишел и потврда за неговата посветеност кон квалитетната музика.