Ристе Ристески ја збуни публиката со изгледот – Што ли би помислила Карлеуша?

Младиот пејач и победник во последното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ова лето шеташе, одмараше ама и ја реализираше својата долга агенда со настапи. Победата не само што му донесе нов автомобил, туку најважно му овозможи квалитетна промоција како кај нас така и во регионот.

Ристе неодамна беше и член на жирито од аудицијата за новата сезона на шоуто, па имаше привилегија да ги избере најдобрите потенцијални натпреварувачи од Македонија.

Потоа следеше и неговиот настап на Каменичко културно лето, каде настапи и пред тамошната публика.

По тој повод Ристе се дотера во младешка и модерна варијанта, но најголем впечаток остави со искинатата кошула која е последниот моден крик, барем за Ристе.

Карлеуша не ретко знаеше да го пофали за изгледот додека таа судеше како тој пее, но што ли би му кажала за овој изглед кој нашите баби веднаш би го средиле со игла и конец!?

Scroll to Top