Рок и симфонија со Дани на Хераклеа

Камерниот оркестар на Битола на 4-ти август ќе одржи концерт во античкиот театар на Хераклеа. Под името „Рок и симфонија“ големите рок хитови ќе ги пеат Дани Димитровска, Михајло Трајковски – Сак и Жарко Јакимоски.

Влезниците се во ограничен број и чинат 300 денари, а ќе се продаваат на билетарата на Центарот за култура – Битола. За време на концертот, задолжително е носење на маски и придржување до сирте препораки за безбедност.

Концертот почнува во 21 часот.

Scroll to Top