Росана стана баба

Фолк-пејачката Росана Сариќ – Тодоровска доби внук. Нејзината ќерка Ивана вчера роди момче кое ќе се вика Ноа. Росана преку социјалните мрежи се пофали дека станала баба.

„Станав баба. Јас сум најсреќната баба на светот. Добро ми дојде душо мила. Внук!“, напиша пејачката на својот фејсбук-профил и доби бројни честитки од своите пријатели, ама и од луѓе од естрадата.

Ивана, ќерката на Росана и нејзиниот маж глумецот Ѓорги Тодоровски, лани се омажи за Џејмс Холт. Ноа е нехјзино прво дете.

Scroll to Top