Росица Мршиќ промовира нова колекција

Деветнаесеттата сезонска колекција на дизајнерката Росица Мршиќ ќе биде прикажана на 24 април во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, а во организација на Моден викенд Скопје.

Најновата колекција наречена Celia е инспирирана од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни. Станува збор за урбана и некоформистичка шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Мршиќ.

„Се предизвикав себеси да работам нетипични парчиња за мене, помеки и лелеави силуети. Парчињата што ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, за секоја пригода, но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени… Сите тие ја прават Celia карактерно романтична и авангардна“, вели Мршиќ.

Дизајнерката на накит, Марта Поп Антоска, инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло за да ги надополни креациите.

Scroll to Top