Сања Димова го освои жирито на „Гранд“, менторката Цеца ѝ ветува успех во шоуто

Македонката Сања Димова, во последното издание од „Ѕвездите на Гранд“, со нејзиниот настап го воодушеви жирито и балканската публика. Сања се престави со „Судбо моја“ и „Повторно имам причина да живеам“ и освои пет гласа од жирито и еден од продукцијата.

По потекло струмичанка, од музичко семејство, младата Сања, која студира на музичка академија, на прашањето од Саша Поповиќ кога ќе избере за ментор во следниот круг, таа одговори, Цеца, а пејачката прифати да работи со младата македонка.

„Верувај ми душо дека ќе биде се добро“ – ѝ рече Цеца.

Нејзините родители, познатите македонски пејачи Борис и Билјана, беа нејзината поддршка позади сцената и преставени како извондредни вокали, кои можеби наскоро, по сугестија на жирито ќе ги видиме на сцената од „Никогаш не е доцна“.

 

Scroll to Top