Сања и Слаткар станаа родители

Поранешната Мис на Македонија, Сања Николиќ, денеска роди син. Веста дека се станале родители на „Фејсбук“, ја објави нејзиниот сопруг Слаткар.

„Се роди Моша Маринковиќ, голем да му расте!“, напиша популарниот хип-хопер.

Ова е прво дете на некогашната манекенка и музичарот. Тие долго време ја криеја бременоста од јавноста. Веста дека чекаат бебе Слаткар ја објави на Нова година, кога на социјалните мрежи сподели слика од бремената Сања. Тогаш напиша дека 2020 ќе му биде најубавата година во животот. Двојката се венча 2014 година.

Scroll to Top