Сања и Слаткар заљубени во Венеција

Слаткар и Сања се на романтично, ем работно патување во Италија. Тие денеска во Венеција снимаат спот за песната „Луда романтика“, најновото од Слаткар.

На снимањето на спотот е и Дадар, кој се погрижи за шминката на поранешниот модел и некогашна мис на Македонија.

Слаткар и Сања се во брак неколку години, но Сања речиси никогаш не се појавува во спотовите на популарниот хип-хоп артист.

Патувањето во Италија следи само неколку дена откако Слаткар објави дека станал магистер по односи со јавност.

 

Scroll to Top