Сара и Димитар го изиграа валканиот танц

Викендов се омажи поп-пејачката Сара Мејс со водителот Димитар Атанасовски. По невестата се одело со жива музика и се почитувале  сите традиционални македонски обичаи. Имало и туркање врата, каде што по традиција Димитар морал да плати за да ја земе невестата од нејзиниот дом. Но, интересно е и како младенците ја отворија свадбената веселба. Како вистински професионалци го одиграа свадбено танго, во кое имаш и акробации, а многу чекори потсетуваа на сцените од култниот филм „Валканиот танц“.

 

Scroll to Top