Сара и Димитар: Сме имале и паѓања во бракот, ама еве сме пак станати

Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс прослави три години брак со водителот Димитар Атанасовски. Двојката ја имаат и ќерката Илина, а пред да се земат беа подолго време во љубовна врска. И нивната свадба беше необична, со валканиот танц со кој ја отворија свадбата и за кој се зборуваше, до туркањето на вратата кога стоеше целиот бенд на Сара, сè до земањето на невестата со мотор.

„Дечкото од мојата лева страна ми се заколна на вечна љубов. Сме имале паѓања, ама еве нè станати. Кога ќе паднеш, поважно од паѓањето е само како ќе станеш“, напша Сара.

Scroll to Top