Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски направија традиционална венчавка со сите македонски обичаи.
Минатото лето во месец август на плажа во Грција, Димитар ја запроси својата сакана, а една година подоцна на истиот датум си го дадоа својот збор и пред Бога.
Иако тогаш не веруваше дека навистина и се случува тој момент во животот, Сара ја прослави моминската, исто така на грчка плажа, а пак Диме последната вечер со момците ја остави за својот роденден – ден пред свадбата.
Младата невеста избра тесната венчаница со впечатливи транспарентни делови која истакна нејзината линија, а пак долгата коса придонесе за ултра впечатлив ефект.