Вчеравечер Сара Мејс и нејзиниот бенд на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје акустично го изведoa проектот Floating through space и ја исполнија желбата на сите кои беа дојдени да уживаат во концертот.
Македонската пејачка покрај концертот, вчера го промовираше и новиот албум Floating through space with Sarah Mace, кој е авторско дело на Мејс и нејзиниот бенд. Истиот е издаден од страна на Пасворд Продукција.
За сите оние кои го пропуштија концертот, Мејс ќе одржи уште еден концерт на 1-ви октомври со почеток во 15 часот во Скопје Сити Мол.