Сашко Коцев ги исмеа групите на мајки што споделуваат проблеми на „Фејсбук“

Актерот Сашко Коцев, кој неодамна стана татко, на интересен начин ги насмеа луѓето што го следат на социјалните мрежи. Актерот, божем збунет, бара помош на „Фејсбук“ како да го дешифрира гугањето на бебето.

Инспирацијата на Коцев доаѓа веројатно од сите оние групи на мајки на „Фејсбук“ што споделуваат проблеми или бараат совети, од тоа како да се снајдат со новороденчето до каков ручек набрзина треба да се направи за целото семејство.  Иако ги насмеа своите пријатели, сепак, многумина коментираат дека тој ги исмевал мајките што имаат проблеми и си ги споделуваат во групите на „Фејсбук“. Статусот на Сашко Коцев само за 20 минути има повеќе од 500 лајка и куп коментари.

Scroll to Top