Актерот Сашко Коцев, кој викендов стана татко, наголемо славел за раѓањето на својата ќерка. Тој во една градска кафеана, заедно со Ранко Петровиќ, првиот човек на „Бубамара“, композиторот Александар Митевски и во друштво на пријателите славел до зори.
Актерот сподели и фотографија на социјалните мрежи од амбиентот во кафеаната. Коцев и Смиљана викендов станаа родители. Смиљана се породила во една од скопските клиники. Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро. Пред неколку години актерот ја побара Смиљана за жена на сцената на „Златна бубамара на популарноста“ .