Македонската актерка Весна Петрушевска разочарана дека претставата „Госпоѓа министерка“ не е ставена на репертоарот на МНТ јавно се пожали и на својот фејсбук-профил.
„По над 150 изведби, ‘Госпоѓа Министерка’ не е ставена на репертоарот на мојот матичен театар МНТ. Само како потсетување, имаше над 80.000 билети продадено и е независен проект, што значи без пари од Министерство за култура во копродукција со МНТ како впрочем и претставите што исто не беа финансирани од Министерството за култура: ‘Кој се плаши од Вирџинија Вулф’,’Брачна игра‘. Па, браво! Алал да ви е !“, напиша Петрушевска.
„Госпоѓа министерка“ важи за една од најгледаните и најпосетени престави во МНТ.






