Музичарот Денис Мурат викендов се ожени со својата девојка Стефани Стефановска. Свадбата била со сите традиционални обичаи, велат пријатели на Денис. Тие рекоа дека музичарот ја зел невестата со музика и со туркање врата во нејзиниот дом. Младенците потоа се забавувале во ресторан на плажата „Потпеш“ во присуство на нивните семејства, многу пријатели и роднини.
Денис и Стефани се запознаа пред неколку години на плажа во Охрид, а во 2016 година Стефани го побара Денис за маж. Тие веќе неколку години имаат заеднички настапи како дуо „Дис“. Македонската јавност го запозна Денис пред осум години кога се појави во музичкото шоу„ Идол“ каде што беше еден од фаворитите и миленици на публиката.