Синот на актерката Тања Кочовска, Александар, денес се ожени со својата девојка Моника Саздовска. Веста ја сподели Тања на свој начин со објавување фотографија, под која напиша: Да, бе, да… бидна“.
По ова, следуваа куп честитки и за младенците, ама и за „свекрвица“, како што на шега ја нарекуваат ѝ како што и напишаа пријателите. Невестата е во едноставна бела комбинација место класичен фустан, а Александар, пак, во сив костум. Пред неколку месеци тој ја побара за жена Моника во ноќниот клуб „Сектор 909“, каде што и се запознале.
„Повеќе од симпатично, ми се јавува Ендру пред некој ден, ми вика: Оги, ако може да одам до ‘Сектор 909’ преку ден, сакам да ја побарам за жена девојка ми. Во ‘Сектор ‘ја запознав и во ‘Сектор’ би ја побарал“, раскажа тогаш сопственикот на ноќниот клуб, Огнен Узуновски-Оги.
Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски-Љац. Од вториот брак со актерот Предраг Павловски ја има ќерката Нела.
А. Георгиев