По три години брак, се разведува пејачот Даниел Кајмакоски. Тој и неговата сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, веќе не живеат заедно, потврдија за „Репортер“ нивни пријатели. Додаваат дека Даниел ги избришал сликите со Кристина од неговиот инстаграм-профил. Екипата на „Репортер“ го побара Кајмакоски за изјава, но до овој момент не добивме одговор од него. Даниел и Кристина го имаат двегодишниот син Давид.
Кајмакоски се прослави со учеството и победата во музичкото шоу „Х-фактор“ пред пет години. Тој уште тогаш велеше дека најголема желба му е да се ожени и да стане татко. Даниел во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена, Австрија со песната Autumn Leaves. Откако се ожени, тој се повлече од музичката сцена.