Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Мартина Михајловски, се сврши со своето момче Виктор Илоски.
„Универзумот ни ги прати целата среќа и љубов на овој магичен ден. За нас! За вечност! Ти си мојата љубов, вера и надеж“, напиша на својот фејсбук-профил Мартина, девојката што ја нарекуваа македонската Моника Белучи.