Пејачот Васил Гарванлиев се сврши и наскоро ќе се венча. Тој се сврши минатиот викенд на романтично патување во Њујорк.
„Точно е дека се свршив. Сè се случи на брзина. Се запознавме кога дојдов во Америка и работите некако ни тргнаа од прва. Заљубен сум и малку шокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш“, рече Васил за „Репортер“.
Пејачот за сега не сака да објавува слики со својот свршеник, а не го открива ни неговото име. Вели освен на љубовта, фокусиран е и на музиката оти утре треба да излезе неговата нова песна.