Се венчаа Елена и Гуте од „Гранд“, скромна свадба во Србија

Македонската пејачка Елена Миленковска од „Гранд“ викендов се омажи со нејзиниот свршеник, пејачот Александар Маринковиќ – Гуте. Двојката направи скромна свадба во Србија, во Српски Милетиќ, од каде што потекнува Гуте. На свадбата беа само нивните најблиски пријатели и роднини. Елена за венчавката носеше бели панталани во комбинација со бела блуза, а Гуте беше облечен во сив костум.

Двајцата по венчавката објавија слики на социјалните мрежи, ги покажаа и бурмите, а Гуте напиша: „Елена Миленковска-Маринковиќ. Како ви звучи?“

За потсетување, Александар и Елена пред неколку дена открија дека ќе станат родители и дека го чекаат првото бебе. Двојката најави дека по венчавката ќе прават свадба при крајот на февруари годинава. Тие се запознаа лани во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а се верија по пет месеци врска. Гуте ја побарал Елена за жена на нејзиниот 26. роденден, а во изненадувањето му помогнале нивните пријатели од „Гранд“.

Scroll to Top