Се вери пејачот Филип Божиновски

Македонскиот пејач Филип Божиновски по 12 години врска ја побара за жена девојката Сања.

„После 12 години љубов, после 12 години разбирање, караници, преубави моменти поминати заедно… дојде време да започнеме ново поглавје во нашиот живот. Денес ме направи најсреќен човек на светот, мојата Сања Митровска, кажа ДА!“, напиша Филип покрај сликата.

26-годишниот пејач јавноста првпат го запозна пред 7 години кога победи на музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“, а пред две години пееше и во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Scroll to Top