Седете дома за време на корона : Низ Скопје шест изведувачи ќе прават забава

По  вчешаните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници.

Забвата почна во 11.30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје каде беше видео перформансот на Гоце Илиевски. На пладне започна музика на пијано со  и изведбите на Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода и Дуња Иванова во паркот Шопен во Кисела Вода. Во 14.00 часот ќе настапи Силви Бенд со своите познати хитови.

За вечерните часови, следат маалските концери на групата Pluto’s Doubts во 18.00 часот и групата South Park во 20.00 часот во населбата Аеродром кај Стела.

Сите настапи ќе биде стримувани на фејсбук страницата на Град Скопје и јутјуб каналот на Град Скопје.

Scroll to Top