Директорот на ФОН, Сефер Цаноски, третпат стана татко. Неговата сопруга Сезен вчера роди девојче кое ќе се вика Алара. Сефер прв се пофали дека станал татко и на својот фејсбук-профил објави слика со точниот час кога се породила Сезен.
„Добре дојде Алара“, напиша тој на „Фејсбук“ и додаде дека се чувствува благословен што му се родила ќерка.
Германката Сезен и Сефер се венчаа минатото лето во Истанбул. Ова е втор брак на Цаноски. Тој претходно 10 години беше во брак со Лејла, ќерката на Велија Рамковски. Со неа има две деца.