Симон Трпчески гледаше НБА натпревар и навиваше за Никола Јоќиќ пред концертната турнеја во Денвер

Виртуозот на пијано, Симон Трпчески ја најави концертната турнеја во САД. Тој започнува со концерти во Денвер оваа недела. Неговите подготовки  започнале со уживање во природата на оваа земја.

„Земам инспирација од чудата на природата, пред пролетната концертна турнеја во САД што започнува во Денвер оваа недела“, напиша Трпчески.

Итсо така пред да ја одржи првата проба во Колорадо Симфонијата тој замина на НБА натпревар, каде од трибните навваше за тимот на српскиот кошаркар Никола Јоќиќ.

„Како што во минатото го поддржувавме нашиот легендарен македонски кошаркар – Перо Антиќ, кој играше во НБА, сега го поддржуваме и нашиот сосед од Србија – Никола Јокиќ, заедно со сограѓаните Македонци, за тесната, но важна победа за Денвер“, напиша Трпчески.

Инаку Симон Трпчески изминатата година одржа концертна промоција на неговиот прокет „Македонисимо“. Претпремиерата се случи во Збажди, на планината Караорман во родното село на неговиот татко, потоа следеше концерт на отворено во Скопје, Штип и Битола.

 

Scroll to Top