Симон Трпчески го промовира „Македонисимо“: „Албумот е сведоштво на нашите корени и фолклорното богатство“

Виртуозот на пијано, Симон Трпчески, го промовираше својот најнов албум „Македонисимо“. Албумот излезе по две години работа, иако Симон, неодамна во интервју за „Репортер“, ни откри дека самиот проект го подготвувал четири години.

„Албумот е сведоштво на нашите длабоки корени, на нашето огромно фолклорно богатство, што е претставено во едно многу поинакво светло. Има има 23 нумери, шест сплета од песни и мелодии, а ги правеше композиторот Панде Шахов. Јас сум многу среќен и горд што албумот конечно излезе“, ни рече тогаш Симон.

Новиот албум на маестро Трпчески може да се најде и на најголемите светски музички платформи. Ова е прв албум што Трпчески го издава за „Лин рекордс“.

 

Scroll to Top