Сино око мое, Тамара скршена по Влатко

Пејачката Тамара Toдевска, која му беше најдобра другарка на пејачот Влатко Илиевски, се прости од својот колега со емотивна порака на Фејсбук. Тие заедно ги започнаа своите музички кариери уште во времето кога тој беше вокал во групата „Морал“.

„Друже мој најсакан. Ми го скрши срцето. Не те ни гушнав за роденден. Нека ти е светол патот. Се надеам дека ти е сега подобро. Ќе ми фалиш цел живот. Те сака твоја Тами. Почивај во мир сино око мое“, напиша Тамара на социјалните мрежи.

Scroll to Top