Синот на Аки Рахимовски, по 35 години, повторно е во Скопје

Кристијан Рахимовски (40), вчера дојде во Скопје, градoт каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски. Аки почина пред да дена, а Кристија по 35 години е повторно во Скопје. Тој со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе патува за Крушево, за да го посети вечниот дом на Тоше.

Во Загреб пред три дена се одржа комеморација за Аки Рахимовски каде се собраа голем број колеги и пријатели и се потсетија на музичарот кој одбележа еден музички период на овие простори.

„Овие работи ми се незаборавни и ќе ги чувам како спомен на татко ми затоа што сите луѓе што го сакаа и сета љубов што ни ја даваше сите овие години е нешто што ми дава една силна порака, лично до мене и се надевам на другите луѓе“, изјави Кристијан за својот татко.

„Тешко е да се прифати неговата смрт. Тоа е толку ненадејно, иако имав некои претчувства, бидејќи Аки не беше човек кој би се грижел премногу за себе. Тој едноставно го гледаше животот како полигон за брзи возила. Никогаш не се штедел, никогаш знаеше да ја рационализира и употреби енергијата што ја има“, рече Хусеин Хасанефендиќ Хус за хрватската емсија Ин Магазин.

 

Scroll to Top