Синот на Аки Рахимовски, Кристијан, дојде во спомен куќата на Тоше, во Крушево. Тој на поканата на министерката за култура, дојде во Македонија, само неколку дена откако во Алејата на великаните на загрепски Мирогој го испрати својот татко.
Кристијан Рахимовски вели дека особено бил трогнат од веста што ја дознал при посетата на спомен-куќата на Тоше, дека во Скопје има иницијатива една улица да го носи името на неговиот татко.
Тој на Инстаграм објави фотографии и се заблагодери на сите кои го сакаа и почитуваа неговиот татко. Тој дошол да ја види и баба си, со која Аки разговарал дента пред да почине, оти требло да дојде во Макединија. По смртта на Аки, бендот кажа дека ќе продолжи да настапува, но нема да бараат пејач кој ќе го замени.
View this post on Instagram