Улица во центарот на Скопје ќе биде именувана по Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, рече градоначалничката Данела Арсовска.
„Како градоначалник на Град Скопје,иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на претседателот на Хрватска лани гордо нè поздрави со македонските песни, кои нему лично му беа најдраги“, напиша Арсовски
Аки беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме, а беше испратен со звуците „Зошто си ме мајко родила“.