Скриена страст на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера на „Инстаграм“ објави неколку инста-приказни дека го искористил убавото време за да се искачи до врвот на Водно и да се релаксира.

Мицкоски честопати на своите профили објавува фотографии од искачувањата на Водно. Многу пати негови фотки на социјалните мрежи споделуваат и случајни минувачи со кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се разминува на патеките. Негови блиски пријатели велат дека на овој начин тој се одмора од политиката и секојдневните обврски.

Scroll to Top