Слаткар и Тони Зен го кренаа Скопје на нозе: солзи, емоции и песни во еден глас

Урбаната музичка сцена во Скопје вчеравечер пулсираше во знакот на енергијата на Тони Зен и на Слаткаристика, двајца од највлијателните артисти на македонскиот хип-хоп. Со големиот концерт во СЦ „Борис Трајковски“ тие ја потсетија публиката во преполната сала на нивните хитови, но и одадоа почит и изразија сочувство за загинатите во стравотниот пожар во Кочани, порачувајќи никогаш да не се повтори.

Со „ѕвездено небо“ беше проследена песната „Исти“, а присутните оваа вечер заедно со Тони Зен и со Слаткаристика ги пееја нивните хитови, но и оние испеани од гостите кои таа вечер им се придружија на сцената збогатувајќи ја извонредната атмосфера.

По повеќе од 18 години од револуцијата што Тони Зен и Слаткаристика ја започнаа на македонската хип-хоп сцена, оваа вечер беше продолжување на музички приказна која никогаш не престана да одекнува.

На сцената се слушаа „Моето маало“, за Ново Лисиче, „Насмевка“ – песна посветена на синот на Слаткаристика, „Спушти се долу“ по која е и насловен концертот, „Скандал“, Казна“, “Океани“, „Бас“…

Scroll to Top