Денеска е успешна и славна водителка, но пред осум години пошироката јавност за прв пат ја запозна преку мега хитот „Шопинг“ на Слаткаристика.
Веројатно веќе претпоставувате, станува збор за Јелена Спенџарска, водителката на вип сезоната на популарниот телевизиски проект „Избор на најдобрите рецепти“ на Канал 5 телевизија.
Спенџарска на својот Фејсбук профил сподели фотографија и ја најави новата емисија во која јавноста ќе може да ги запознае кулинарските вештини на Слаткаристика, но и откри дека после цели осум години, тие се уште се добри пријатели.