Павле Камилоски подготви нова новогодишна песна за публиката.
„Иде Нова година“ е новата новогодишна песна на Павле Камилоски. Музиката на песната, која се очекува да ја заживее празничната атмосфера во домовите, е на Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот на Ксенија Николовска.
Гласот на Камилоски поддржан од веселите ѕвона и дечињата кои пеат во хор во песната прават хармонија која потсетува на новогодишните желби и радости.
Аранжманот е дело на Дамир Пух, додека хорскиот аранжман е на Наташа Миха. Малите славејчиња од детскиот хор “Крешендо” под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска внесуваат празничната хармонија давајќи и на музиката топлина и радост.