Славни парови кои потрошиле богатство за Денот на вљубените

Денот на вљубените се слави низ целиот свет, а американските sвезди не пропуштаат да го одбележат со романтични вечери, а честопати и со подароци вредни милиони долари. Некои сметаат дека вистинската љубов нема цена и дека сè не е во подароците, но овие славни парови го докажуваат токму спротивното.

Пејачката Бијонсе пред 11 години од нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи добила подарок мобилен телефон. Но, тоа не би било премногу скапо ако музичарот не потрошеше 25.000 долари на маска од злато.

Иако веќе не се заедно, пејачот Џастин Бибер и Селена Гомез извесно време беа едни од најслатките двојки меѓу славните. Неговата љубов кон Селена беше снимена на Денот на вљубените во 2011 година.

Бибер потоа купи цела продавница за цвеќиња полна со рози и лалиња за 2.000 долари кои ѝ ја испрати на Селена. Но, годинава подарокот беше за манекенката Хејли Болдвин, која е сопруга на пејачот.

 

Се потрудил и пензионираниот британски фудбалер Дејвид Бекам, кој воопшто не штеди кога станува збор за купување подароци за сопруга.

Дејвид на Викторија за Денот на вљубените во 2006 година ѝ подаари дијамантски ѓердан, со потпис на „Булгари“, вреден околу осум милиони долари. Двојката го прослави Денот на вљубените на јахтата на пејачот Елтон Џон.

Кортни Кокс на поранешниот сопруг Дејвид Аркет му подари старомоден рингишпил со коњи вреден 45.000 долари за еден Ден на вљубените.

Иако сега се разведуваат, Канје Вест во 2013 година ѝ подари белегзија вредна 73.000 долари на Ким Кардашијан. Таканаречената куф белегзија Panthere De Cartier се состои од дијаманти и бело злато.

Scroll to Top