Најбараниот македонски фолкер кој од неодамна го гледаме и на сите српски телевизиски канали, Ѓоко Јовиќ пред десетина години направил вистински избор, па неговата „поубава половина“ денеска е и негов најголем поддржувач во кариерата.
Пејачот на своите профили на социјалните мрежи често споделува фотографии од своето семејство, а префинетиот стил на госпоѓата Јовиќ ги воодушевува и неговите фанови.
Ѓоко и Ивана на судбоносниот камен стапнаа пред 10-тина години кога својата љубов ја крунисаа со брак. Тие се родители на три прекрасни дечиња, синовите Михаил и Јоан, и ќеркичката Теодора.