Сопругот на Анета Молика осуден на казна затвор

Џими Мицевски, сопругот на Анета од групата „Молика“ денес е осуден на казна затвор од две ипол години. Музичарот беше обвинет во случајот „Транспортер“, и тој е прогласен за виновен заедно уште со дваесетина други лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Битола, глумецот Владимир Талески.

На обвинетите им се судеше за злоупотреба на службената дејност во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што направиле проневера на околу 360.000 евра.

За потсетување, Анета и Џими Мицевски лани пред Митровден отворија ресторан во Битола, а тогаш Џими изјави дека „ресторанот е направен со пари од музика и затоа во него секогаш ќе има музика“. Ресторанот доби име по групата „Молика“. Бендот „Молика“ постои повеќе од 20 години и важи за една од најпознатите фолк состави во Македонија. Тие се многу популарни и меѓу нашинците во дијаспората, а лани наместо промоција на нивниот албум парите ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца без родители во Битола.

Scroll to Top