Соработник на Амди Бајрам повика на масовна поворка пред денешниот погреб

Аднан Мемед, близок соработник и пријател на Амди Бајрам, преку Фејсбук ги повика граѓаните да дојдат денес во 14 часот пред семејната куќа на Бајрам за заедно да тргнат во поворка и да го испратат телото до гробиштата во Бутел. Поранешниот политичар и лидер на Сојузот на Ромите, ќе биде закопан денес попладне. И покрај апелот од Министерството за здравство да се избегнат погребните ритуали и масовни собири за да се спречи ширењето на короната, според најавите, овие препораки нема да се испочитувааат.

„Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема. Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!!

Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел“, напиша Мемед на Фејсбук.

Амди Бајрам почина вчера на 64 години од проблеми со срцето, а постхумно му беше земен брис кој покажа дека имал и коронавирус.

Фото: Фејсбук

Покрај компликации со срцето, Амди имал и корона

Scroll to Top