Фотографиите што ги објави водителката на „Канал 5“, Јелена Спенџарска, од одморот во Боровец предизвикаа внимание на социјалните мрежи. Особено што излегоа фотографии од извесен Абдија Асанаи, кој се фотографирал во истите пози како и Јелена, па медиумите веднаш помислија дека се во љубовна врска.
Водителката тврди дека не е така и дека тие се само пријатели.
„Таму бевме поголемо друштво и тоа сместени во две викендички, ‘Малина’ и ‘Јагода’, кои се една до друга. Во саботата вечерта се собравме цело друштво и правевме фотосесија. Повеќе луѓе ги имаат истиве пози и фотографии како јас и Абдија. Не е фер што веднаш ме поврзаа со Абдија кого го знам многу одамна и се дружиме“, изјави Спенџарска на „Репортер“.
Таа ни откри дека има момче, но дека засега не сака да открива кој е. „Кога ќе дојде време, ќе си кажам“, рече познатата водителка.