Песната „Искрен пред себе“ изведена од Стефан Величковски наскоро се очекува да добие и свој видео запис. Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветкоски.
– Песната ја снимив во 2010 година, но тогаш не снимивме видеозапис и остана така да се врти само на радио. Мислам дека е штета да остане така, затоа во наредниот период ќе претставиме нејзина видео приказна со која повторно ќе ја актуелизираме, но секако ќе има и нови материјали, вели Стефан.
Величковски покрај бројните настапи ширум земјата, неодамна одлучи да се проба и во модниот свет, па потпиша и ексклузивен договор со модната агенција „Моделс Ин“ која ќе го застапува во светски рамки за сите модни ангажмани.