Стево и Бети играа баскет со членовите на Специјалната Олимпијада

Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска беа домаќини на гостите од Специјалната Олимпијада во Вила Водно.

Тие се дружеа со членовите на Специјалната Олимпијада и заедно одиграа баскет. Пендаровски го соблече костумот па во кошула изведе слободно фрлање и даде кош.

И првата дама покажа дека има талент за спортување, и таа имаше можност да шутира топка па на два наврати даде кош.

„Добра игра, уште подобра дружба со денешните наши гости од Специјалната Олимпијада. Ви благодариме за убаво поминатото попладне“, напиша Пендаровски.

Scroll to Top