Столе Стоилов стана татко

Капитенот на „Вардар“, Столе Стоилов стана татко. Неговата сопруга Деница денеска роди машко бебе. Веста дека Столе добил син, прв ја објави неговиот пријател, ракометарот Дејан Манасков. „Момче е“, напиша тој на Инстаграм и им честиташе на родителите.

Столе пред еден месец се ожени со Деница, а дека чекаат принова објавија во февруари. Столе и Деница, која е уметница, планираа голема свадба, но поради пандемијата со коронавирусот, свадбената веселба беше одложена. Тие направија само мала забава за најблиските и семејството, откако претходно склучија граѓански брак.

Столе и Деница пред да се земат беа во љубовна врска една година.

Scroll to Top