Фудбалерот Столе Стојчевски денеска потпиша двегодишен договор со „Академија Пандев“, клуб на македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
„Среќен сум што ќе играм за ‘Академија Пандев’. Знам дека ќе давам максимум на секој натпревар и дека ќе создадам историја со клубот“, рече Стојчевски за „Репортер“.
25-годишниот спортист игра фудбал од седмата година. Последните две години тој беше одбранбен играч на ФК „Силекс“ од Кратово.
„Очекувам со новиот клуб да бидам поблиску до репрезентацијата, а можби и да направам интернационален трансфер“, ни рече тој.
(А.Ј)