Фолк-пејачката Сузана Гавазова деновиве од нејзината српска колешка Јана Тодоровиќ била поканета да пее на свадба во нејзината фамилија во Белград, велат блиски.
Фолк-пејачката Јана е всушност снаа на Свето Тодоровиќ, човек кој има империи во Минхен и Белград и огромен замок кој се наоѓа во Постбауер-Хенг, во близина на Нирнберг во Германија. Тој располага со голем капитал и во Австрија и во Америка.
На Свето Тодоровиќ омилена пејачка од Македонија му била баш Гавазова, па оттаму и идејата да дојде да пее на свадбата која ќе биде в сабота и на која треба да се појават и други познати пејачи од Србија и Хрватска.