Ќе се мажи Теона, ќерката на македонската музичка дива Сузана Спасовска. Теона на својот профил на „Фејсбук“ ја објави веста, велејќи дека ја прифатила понудата за брак од Виктор Велковски со кого подолго време е во врска. „Реков ‘да’, на мојот роденден“, напиша таа.
И Сузана Спасовска е среќна затоа што ќе ја мажи ќерка ѝ. Таа ни раскажа дека сега ги чекаат подготовки за свадба, но нема да брзаат.
„Тоа ќе биде следната година, оти не мора да се брза, Теона не е бремена“, се шегува Сузана во изјавата за „Репортер“.
„Како што се тие среќни, така и јас сум среќна со нив. Најважно од се е тие да се љубат, оти тој од љубов ја побара за жена, за да имаат заеднички живот. Свадба ќе има следната година. Јас верувам во љубовта и сметам дека таа е најголемиот двигател на се во светот, а така и јас ја воспитував ќерка ми. Мене како горда мајка ми останува да им поскам да се среќни и вечни, да се љубат да имаат дечиња кои ќе им ја радуваат куќата, а и нас најблиските“, раскажа Сузана за „Репортер“.
Теона заврши Економски факултет, и има работено во неколку фирми. „ Теона е човек што сака да напредува па не ѝ е тешко да промени и неколку работни места“, додава Спасовска.
Теона и Виктор подолго време се заедно. Пред извесно време Теона на својот „Фејсбук“ профил објави неколку нивни заеднички слики, и кажа дека е среќно вљубена, оти во него нашла се што некои луѓе цел живот го бараат.
Александра Георгиев