Свадбата ја правевме во Гевгелија и сѐ беше спонтано: Распеани младенците Емра Куртишова и Петар Стојанов

Актерката Емра Куртишова која публиката ја засака како Исаура од серијата „Преспав“ се омажи за нејзиниот свршеник, актерот Петар Стојанов. И Петар е дел од Театарот за деца и младинци. Свадбата беше во Гевгелија, во кругот на семејството, ни открива за Репортер актерката.

На прашањето како поминала свадбата таа вели : „Немавме ништо исценирано или однапред испланирано, сакавме се да си тече спонтано, и не згрешивме со што само уште еднаш ни се потврди дека се што е планирано малку потешко се остварува. Имаше одлична атмосфера, се помина во најдобар ред, а Петар и јас сме им бескрајно благодарни на сите гости што беа дел од нашиот најсреќен ден“ ни открива за Репортер Емра.

Пред да се решат за брак тие беа три години во љубовна врска.  По свршувашката таа ни рече: „Многу сум среќна, со Петар сме во љубов три години, а тој ме побара за жена на мојот роденден. Функционираме како да се знаеме цел живот и многу ни е убаво“, раскажа Емра. Актерката објави и на Инстаграм фотографија од свадбата и напиша „Мој си е, си го земав“.

А.Георгиев 

Се омажи Исаура од „Преспав“ со колегата Петар Стојанов: Многу сме среќни

Scroll to Top