Денес, 26 август 2025 година, се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје. Веќе утре, 27 август, токму во пресрет на овој значаен јубилеј, на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, ќе се одржи светската премиера на филмот „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска.
Филмот ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.
„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.
Филмот е копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.
Официјалната премиера ќе се одржи на 27 август во 16:00 часот во Sala Darsena, во рамките на фестивалот во Венеција.