Актерот Владо Дојчиноски стана татко. Тој на социјалните мрежи се пофали дека добил син, а покрај веста за раѓањето на бебето ја сподели и познатата народна песна од Васка Илиева „Син ми се родил“.
Викендов имало и голем прослава по тој повод. На мекиците се играле ора, имало и тапани, а меѓу гостите биле речиси сите актери кои играат во „Македонски народни приказни“.
Владо Дојчиновски е еден од главните актери во „Приказните“ и покрај останатите улоги, многу често го игра царот, улога по која некогаш беше препознатлив Ѓорѓи Колозов.