Тимчо и Цанде седнаа на кафе во маало по изборите во Аеродром

Новиот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, седна на кафе во маало со своите противкандидати.  По победата над кандидатот на СДСМ, Алекандар Филиповски-Цанде, фотографијата од дружбата во аеродромското кафуле беше вистинско освежување.

„Ги поканив моите противкандидати на кафе-дружење за да испратиме порака за обединување, кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да им го подобриме животот на нашите сограѓани.

Секоја идеја, секој проект што е од интерес на граѓаните, ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало“, рече новиот градоначаник на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Scroll to Top