Тоалетите на Данела ги скараа Перо Камиказа и Никола Наумовски, ексшефот на кабинетот на Шилегов

Преписките меѓу поранешниот шеф на кабинет на екс-градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, Никола Наумовски и кандидатот за градоначалник на Левица, Петар Герогивски Камиказа, продолжија и по завршувањето на локалните избори.

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска постави јавни тоалети низ Скопје, Наумовски се јави со фејсбук-статус и напиша дека таа веќе му ја исполнила на Камиказа половина од политичката програма и дека останало уште да субвенционира патики.

„Се чини како Данела да исполнила пола од програмата на Камиказа. Уште да почне да субвенционира патики и човекот може да умре среќен“, напиша Наумовски.

Камиказа му одговори дека е сељобер-монокотоледонски и дека таму каде што ќе оди нема да има телефони и ќе има време да ги прочита делата на Горан Стефановски, кого Наумовски го нарече селски гастербајтер и маалски националист.

Камиказа му порача дека треба да има почит кон него и неговиуте дела. Тој ја спомена и сопругата на Наумовски, глумицата Сања Арсовска, за која рече дека ја пеела неговата песна Нена, во детската серија Петко која се емитува на Македонската телевизија.

Арсовска побара одговор од Камиказа зошто имало потреба неа да ја спомене во неговите статуси и преписки со Наумовски.

На ист став беше и позната адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска која исто така го праша Камиказа каква врска има жена му, нејзината работа и неговата музика, со политичката борба која треба да ја води со Наумовски.

Камиказа пак доби поддршка за статусот од пријателите меѓу кои од поранешната в.д. директор на Театар Комедија, Нора Шакири.

 

Scroll to Top